ПСЖ и Борусија Дортмунд забележаа победи во „групата на смртта“ во Лигата на шампионите. Победи во третата рубда запишаа Манчестер сити, Порто и Лајпциг додека немаше победник во Глазгов на дуелот Селтик-Атлетико Мадрид (2:2).
ПСЖ полесно од очекувањата го победи Милан со 3:0 и ја презеде лидерската позиција на табелата во Ф групата. „Светците“ водеа на полувреме со голот на Мбапе, а во вториот дел победата ја запечатија Коло Муани и Ли со својот деботански гол во Лигата на шампионите.
Милан се уште е без победа сезонава и она што е интересно тимот на Стефано Пиоло нема постиганот гол во елитното натпреварување на последните пет натпревари, трите оваа сезона и во двата полуфинални мечеви против Интер минатата сезона.
Борусија Дортмунд изненади на „Сент Џејмс Парк“ во Њукасил. „Милионерите“ победија со 1:0. Голот го постигна Немеча во 45.минута.
ПСЖ ја предводи групата со шест бода, по четири имаат Борусија и Њукасл, Милан досега освои два бода.
Група Е:
Селтик-Атлетико Мадрид 2:2
Феенорд-Лацио 3:1
Група Ф:
Њукасл-Борусија 0:1
ПСЖ-Милан 3:0
Група Г:
Лајпциг-Црвена звезда 3:1
Јанг Бојс-Манчестер сити 1:3
Група Х:
Антверп-Порто 1:4
Барселона-Шахтјор 2:1
Foto/ EPA