(Видео) Проектилот на Мусија му донесе победа на Баерн, Баер се сопна во Бохум, Мајнц е кошмарот на Дортмунд

12618846.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Баерн Минхен создава предност во однос на главните конкуренти во борбата за титулата во Бундес лигата, Баер Леверкузен и Борусија Дортмунд. Баварците во 10.коло победија во Хамбург кај Сенкт Паули, актуелниот првак Баер освои само бод кај последнопласираниот Бохум, а Борусија доживеа пораз во Мајнц.


Баерн се мачеше во Хамбург, победи со спектакуларниот гол на Џамал Мусиала во 22. минута. Младиот играч од 25 метри шутираше неодбранливо за голманот на Сенкт Паули. Инаку Мусиала и во средата против Бенфика, во Лигата на шампионите го постигна единствениот гол со кој Баерн успеа да победи.

Шампионот Баер од Леверкузен, не успеа да го победи Бохум и покрај тоа што имаше предност од 14.минута со голот на Шик.

„Фармацевтите“ во претпоследната минута ги шокираше Мијоши. Бохум е последен на табелата, се уште нема победа во досегашниот тек од сезоната, а против Баер го освои вториот бод.

Мајнц е кошмар за Борусија Дортмунд, тоа го покажа и попладнево. Екипата која ја остави Борусија без титулата пред две сезони победи со 3.1.

Работата на домаќините им ја олесни Емре Џан кој доби црвен картон во 27.минута.

Девет минути подцна домашните поведоа преку Ли, а во 40.минута изедначи Гираси од пенал. Сепак Мајнц на полувреме замина со предност, откако гол постигна Бакхарт. Конечниот резултат го постави Небел во 54. минута.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK