Реал Мадрид го победи Виљареал со 2:0 во деветотот коло, во Примера. Со овој триумф Реал се изедначи на првото место со Барселона, која утре му гостува на Алавес.
Реал ја потона „жолтата подморноца“ со две торпеда, на Валверде во 14. и Винисиус Жуниор во 73.минута. Виљареал имаше свои шанси кои не ги искористи. Пеп во првото полувреме веднаш по голот на Валверде ја погоди гредата. Во финишот добија пенал, но судијата го поништи откако ВАР покажа дека на пеналот му претходел офсајд.
Интересно Реал на овој натпревар упати само три удари во рамките на голот, два од нив завршија зад грбот на Кунде.
Реал победи, но прашање е колку скапо ја плати победата. Винисиус Жуниор во 78.минута поради повреда на рамото го напушти теренот, а во самиот финиш на натпреварот се повреди и Карвахал, кој мораше да биде изнесен од теренот.