­

(Видео) Панамците лудо ја славеа победата над САД, во центарот на вниманието Тиери Анри


12910690.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Фудбалската репрезентација на Панама ќе се бори за трофејот во Лигата на нации на КОНКАКАФ зоната.


Панама приреди големо изненадување во полуфиналето, во Калифорнија го победи фаворитот САД. Голот за троимф го постигна Сесилио Вотерман. Напаѓачот на Кокимбо Унидо (Чиле), единствениот гол го постигна во 94.минута. За Американците и нивниот селектор Маурисио Покетино ова беше прв пораз по серијата од четири победи и предупредување за Мундијалот во 2026 година, во кој ќе влезат со големи амбиции.

Вотерман предизвика внимание и со прославата на голот. Најпрвин го фрли дресот и ја прескона оградата, каде што го здогледа легендарниот Тиери Анри.

Без размислување се искачи на платото каде Французинот седеше како стручен консултант за Си-би-ес Спортс. На почетокот, Анри не разбира што се случува, можеби во страв додека го гледаше напаѓачот на Панама како му приоѓа со ококорени очи, но потоа на лицето на Французинот се разви широка насмевка.

„Во интервјуто пред натпреварот ме прашаа кој е мојот идол од детството и јас реков дека тоа е Тиери Анри. Кога го постигнав голот, го видов и знаев дека морам да одам да му кажам”, го објасни својот потег Сесилио Вотерман.

Панама за трофејот во Лигата на нации ќе игра против Мексико.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK