(Видео) Пакета асистираше, Боувен и Кудуз го спакуваа Манчестер јунајтед

Видео-Пакета-асистираше-Боувен-и-Кудуз-го-спакуваа-Манчестер-јунајтед.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Манчестер јунајтед во 18.коло го доживеа осмиот пораз во Премиер лигата. Кошмарната сезона за „црвените ѓаволи“ продолжи и на гостувањето во Лондон, кај Вест Хем. „Чеканите“ славеа победа со 2:0 (0:0).



Манчестер јунајтед против Лондон одигра на нивото на кое се наоѓа од почетокот на сеозната. Без идеја, без конкретни шанси и со многу дупки во одбраната.

Ова е трет последовен натпревар во Премиер лигата, а вкупни четврти во сите натпреварувања, на кој Јунајтед не успеа да постигне гол.

Вест Хем играше во ритамот на Пакета. Бразилецот спакува две асистенции, по кои Џерод Боувен во 72. и Мохамед Кудиз во 78.минута му ја донесоа победата на Вест Хем.

Вест Хем со 30 поени скокна на шестото место на табелата, додека Јунајтед назадуваше, сега е на осмото место со 28 поени и негативна гол разлика 18:23.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK