(Видео) Олимпијакос: Судиската грешка го реши натпреварот против Фенербахче

Видео-Олимпијакос-Судиската-грешка-го-реши-натпреварот-против-Фенербахче.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Кошаркарскиот клуб Олимпијакос смета дека судиите ги оштетиле против Фенербахче. Турскиот клуб синоќа, во трилер завршница го доби Олимпијакос со 79:77. Олимпијакос поради судиските одлуки поднесе жалба до Евролигата.


Тимот од Пиреја верува дека Јам Мадар го фаулирал Најџел Вилијамс-Гос во последниот напад на натпреварот, но судиите не се огласија.

До тој момент Гос имаше 3/3 од линија за слободни, а црвено-белите веруваат дека на тој начин практично им била одземена шансата да играат продолжение (79:77).

„Олимпијакос ја повикува Евролигата да заземе јасен став за прекршокот над Најџел Вилијамс-Гос во финишот на натпреварот со Фенербахче. Неправилната примена на правилата од страна на судиите го реши натпреварот против нас“, се вели во соопштението на Олимпијакос.

Помошникот тренер на Јоргос Баркокас, Јоргос Бозикас беше директен во своите забелешки за судиите.

„Дефинитивно верувам дека судењето одигра голема улога. Фаулот над Вилијамс-Гос беше јасен“, рече Божикас.

На повторената снимка јасно се гледа дека Мадар го удри по раката Вилијамс-Гос, кој потоа го промаши шутот за продолжение.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK