(Видео) Оклахома е број 1 на Западот, во дербито победи против Голден стејт

Untitled-9-5.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Оклахома Сити Тандер и понатаму е најдобриот тим на Западот. Тандер славеа во Сан Франциско против Голден стејт со 105-101.


Голден стејт беа без најдобриот играч Стеф Кари, а кај Тандер го немаше Чет Холмгрен.

На крајот мечот беше решен во последните седум секунди, откако претходно Шеј Гилџесс-Александер и Изеа Хартенштајн промашија по едно слободно фрлање и им дадоа на Вориорс напад за победа на седум секунди до крајот.

Сепак, обидот на Вигинс беше изблокиран од Лу Дорт и тука беше крајот.

Шеј беше најефикасен со 35 поени, девет скока и пет асистенции, додека брилијантно го следеше Хартенштајн со по 14 поени и скокови. Ајзеа Џо постигна 17 поени.

Кај поразениот тим Џонатан Куминга имаше 19, Бади Хилд 17, а Ендрју Вигинс 16 поени.

Резултати:

Шарлот – Мајами 94:98
Кливленд – Атланта 124:135
Индијана – Портланд 121:114
Орландо – Чикаго 133:119
Филаделфија – Хјустон 115:122 пр.
Вашингтон – ЛА Клиперс 96:121
Далас – Њујорк 129:114
Мемфис – Детроит 131:111
Минесота – Сакраменто 104:115
Њу Орлеанс – Торонто 93:119
Сан Антонио – ЛА Лејкерс 101:119
Феникс – Бруклин 117:127
Јута – Денвер 103:122
Голден Стејт – Оклахома 101:105

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK