(Видео) Одбрани пенал во 90′, па постигна гол во 95′

Видео-Одбрани-пенал-во-90′-па-постигна-гол-во-95′.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







На натпреварот од француската четврта лига помеѓу екипите на Авранш и Гол, голманот на домашниот тим се прослави со два подвизи кои го направија хит низ Европа и на социјалните мрежи.

Името на овој херој е Ентони Буве.

Неговиот тим заостануваше кон крајот на натпреварот (0:1) кога судијата досуди пенал за гостите, па екипата на Гол имаше идеална можност да стави точка на победата.

Флоријан Распентино, поранешен играч на Марсеј, сакаше со стил да ја запечати судбината на својот ривал – се обиде да го матира Буве со „Паненка“.

Но, голманот на Авранш го прочита тој обид и го остави својот тим „жив“.

А потоа, во екот на драмата, по еден центаршут, веројатно последен на мечот, Буве со глава го матираше колегата на спротивната страна.

Фото/ Б92

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK