(Видео) Одбрани пенал и почина: голман од Бразил на само 16 години падна на теренот

Screenshot-2025-01-16-114600.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Голманот Едсон Лопез Гама почина пред неколку дена во Бразил, откако одбрани пенал со градите.


Необична и многу тажна сцена се случи во Бразил пред неколку дена кога 16-годишен голман почина откако одбрани пенал со гради.

На натпревар за аматерски тим за кој настапуваше во бразилската држава Амазонас, голманот Гама со градите го запре ударот од белата точка. По тој удар тој колабираше на теренот.

Иако му била укажана итна медицинска помош, младиот голман не преживеал.

На приложеното видео се гледа како младиот голман бил директно погоден во пределот помеѓу градната коска и дијафрагмата. Она што делумно го чинеше живот е патувањето до болницата во Манаус, кое траеше неверојатни 11 часа.

Младиот голман почина на 5-ти јануари. По тој повод се огласи и неговиот брат.

„Денес го допре цел Бразил. Никогаш не можев да замислам дека ова може да се случи. Беше посветен играч и дете кое никогаш не беше тажно, секогаш среќно. Брат, жал ни е што си отиде, но си замина правејќи го она што најмногу го сакаш, играјќи фудбал“.

На погребот на Едсон Лопез, семејството носеше дресови од бразилскиот тим Гремио, за кој младиот голман навиваше.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK