(Видео) Од Атлетико бесни на судијата Гвида: Немаше пенал за Лил

12583196.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Нова рунда во Лигата на шампионите и нови спорни судиски одлуки.


Атлетико Мадрид загуби од Лил со 1:3, но клучен момент беше вториот гол на гостите при резултат 1:1.

ВАР собата сигнализираше, судијата покажа на белата точка и уште еднаш го предизвика гневот на фудбалската јавност.

Нејасно е само зошто од ВАР собата не го повикаа Марко Гвида да ја прегледа снимката, на која јасно се гледа дека капитенот на Атлетико Коке не ја допре топката со рака, тоа го направи играч на Лил,

По мечот, од Атлетико грмеа на поради судиската одлука која го смени текот на натпреварот, бидејќи Џонатан Дејвид погоди од 11 метри за 1:2.

„Не знам што виде судијата и зошто досуди пенал. Никому не му е јасно, но не беше пенал. За жал, моравме да го решиме натпреварот порано“, изјави Јан Облак.

Хулијан Алварез стрелецот на голот за Атлетико во осмата минута се согласува со Облак.

„Велат дека било рака, иако на видеото се гледа дека ништо не се случи“, изјави Алварез.

Имаше што да каже и Диего Симеоне.

„Не беше пенал. Секој што ќе го погледне видеото ќе ја види грешката на судијата. Мислеа дека Коке игра со рака и мораме да го прифатиме тоа, бидејќи ваквите работи се дел од играта“, заклучи тренерот на Атлетико.

По три одиграни натпревари, Атлетико Мадрид освои само три бода, а во следното коло гостува кај Пари Сен Жермен.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK