(Видео) Нов пораз на Челси, Вулвс ги казнија сите грешки на „сините“

Видео-Нов-пораз-на-Челси-Вулвс-ги-казнија-сите-грешки.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Foto/ EPA



Фудбалерите на Вулверхемптон го совладаа Челзи, со резултат 2:1 (0:0), во 18.коло од Премиер лигата.

Челзи го забележа четвртиот последователен пораз на гостински терен.

„Сините“ се на 10. место во Премиер лигата со 22 бода, колку што имаат Волвс на 11. позиција.

Динамичен натпревар со многу грешки одиграа Вулвс и Челси, победи тимот што грешеше помалку.

Марио Лемина во 51.минута му донесе предност на домашниот тим.

По голот на Лемина, Челзи ја имаше повеќе топката во свој посед, но домашните создадоа подобри шанси.

Томас Дојл имаше опасен удар во 82. минута, но неговиот удар одлично го одбрани голманот Петровиќ.

Челзи се обидуваше да ја нападне задната линија на Волвс, што доведе до грешки во одбраната. Казната дојде во третата минута од судиското надополнување, кога Мет Доерти дојде до топката по лошата реакција на Бадијашил и погоди за 2:0.

Работите се искомплицираа за Волвс во шестата минута од судиското надополнување, бидејќи Кристофер Нкунку намали на 2:1, но Челси немаше сили да дојде барем до еден бод.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK