(Видео) Нотингем го шокира Ливерпул, лесно му е на Сити кога го има Халанд

Untitled-1-38.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Нотингем Форест го приреди најголемото изненадување од почетокот на сезоната во Премиер лигата. „Шумарите“, во четвртото коло на „енфилд“ го победија Ливерпул со 1:0. Кога ќе биде комплетирана оваа рунда, само шампионот Манчестер сити ќе има максимален учинок. „Граѓаните“ предводени од Ерлинг Халанд го победија Брентфорд со 2:1.


Ливерпул го прими првиот гол и го доживеа првиот пораз во новата сеозна. Нотингем Форест со победа го напушти „Енфлид“ прв пат по 1969 година. Ливерпул доминираше пред своите навивачи, креираше шанси, но не успе да постигна гол. Нотингем, определен на одбрана на својот гол, шансите ги бараше во брзата транзиција. Еден таков напад во 72.минута го реши победникот, кога Хадсон-Одои од работ на шеснаесетникот го погоди спротивниот агол.

Брентфорд го шокираше Манчестер сити во 22 секунда, кога Виса го совлада Едерсон. Но до крајот на полувремето „граѓаните“ со головите на Халанд во 19. и 32.минута направија пресврт. Со овој резултат заврши натпреварот и покрај тоа двата тима имаа свои шанси во второто полувреме.

Инаку, Халанд во првите четири натпревари постигна девет гола.

Изненадување направи и Норич, на „Амкес“ во Брајтон одигра 0:0 против фаворизираниот домаќин.

Кристал Палас осои бод против Лестер и покрај тоа што „лисиците“ имаа 0:2 со головите на Варди и Мавидид. Бод за Палас спаси Матета со дват гола.

Фулам, во „малото лондонско дерби“ доминираше против Вест Хем, но не успеа да победи. Раул Хименез постигна гол за Фулам во првото полувреме, а Вест Хем од пораз во 95.минута осови бод со голот на Дани Ингс.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK