Фудбалерите на Нотингем Форест со пресврт славеа победа над Астон Вила (2:1) во последниот натпревар од саботната програма во Премиер лигата.
Натпреварот на „Сити граунд“ во Нотингем, го обележа блиц-кригот на домашните фудбалери во самиот финиш.
Миленковиќ во 87. и Еланга во третата минута од судиското надополнување на времето погодија за пресврт и триумф на Нотингем Форест. Претходно џокерот на Унаи Емери, Дуарн во 63.минута и донесе предност на Астон Вила.
Со овој триумф „Шумарите“ се искачија на четвртата позција на табелата со 28 бода, додека Вила остана не шестата позција со три бода помалку од Нотингем Форест.