Кошаркарите на Њујорк го совладаа Милвоки (129:122) и со тоа се реваншираа за поразот од пред неколку дена.
Никс беа подобри од Бакс во првиот меч од божиќната програма, и ја прекинаа серијата од седум победи во која се наоѓаа Бакс. Интересно ова е прва победа на Њујорк над Милвоки по речиси две години, односно по девет порази од вој противник.
Домашниот тим во „Медисон Сквер Гарден“ стигна до 17. триумф сезонава, шести е на Истокот, додека Бакс се 22-8 и држете уште едно место.
Никс во првата четвртина остварија двоцифрена предност, на полувреме заминаа со +11.
Гостите дојдоа до -4 во средината на третиот период, но тоа беше најмногу што успеаја – Никс го одбија тој налет, ја вратија двоцифрената разлика, која во финишот на мечот изнесуваше и 15 поени.
Најзаслужен за победата на Њујорк беше Џејлен Бренсон со 38 поени и шест асистенции. Џулиус Рендл додаде 24 со девет скока, Еј Џеј Барет 21 и Имануел Квикли 20 поени.
Кај Бакс се истакна Јанис Адетокумбо со 32 поени, 13 скока и шест асистенции, Демиен Лилард со ист број на поени и осум асистенции, додека Крис Мидлтон уфрли 24 поени.
Милвоки во следниот натпревар ќе игра против Бруклин, додека Њујорк ќе се сретне со Оклахома.