Петр Чех, поранешниот голман на Челзи и Арсенал, постави интересен рекорд.
Чех, стана првиот спортист кој успеал да заигра во елитната англиска фудбалска и хокеј дивизија.
Искусниот Чех дебитираше за Белфаст Џајантс во победата на тимот над Глазгов Клан со 5:1.
На 4:43 минути пред крајот на натпреварот, Чех застана голот на местото на Тејлор Бескоровани.
За тие неполни пет минути беше упатен еден удар кон неговиот гол, кој, Чех успеа да го одбрани.
Интересно е што искусниот голман почна да се занимава со хокеј пред четири години по завршувањето на фудбалската кариера.
Играше за Гилдфорд Феникс, Челмсфорд, Оксфорд Старс, сега е во Белфаст.
Here he comes! | #EIHL
Petr Čech makes professional hockey debut with the @BelfastGiants. 💪 pic.twitter.com/u0kaSRRTjO
— Elite Ice Hockey League | #EIHL (@officialEIHL) November 25, 2023