(Видео) Нестварен крај на фудбалската сезона во Шведска

Видео-Нестварен-крај-на-фудбалската-сезона-во-Шведска.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Фудбалската сезона во Шведска, во која беше решена трката за титулата заврши со невидена драмат.


Фудбалерите на Малме буквално му ја „украдоа“ титулата на Елфсборг во последните 90 минути од сезоната.

Малме го доби директниот ривал во последното коло со 1:0 и стигна до круната благодарение на подобрата гол-разлика.

Двата тима сезоната ја завршија со по 65 бода, но Малме имаше гол разлика +35, а Елфсборг +34.

Инаку, почетокот на дербито за титулата доцнеше 20 минути, поради пиротехничко шоу што го приредија навивачите на двата тима.

Херој на Малме беше Кисе Телин, кој го искористи пеналот во 57. минута од натпреварот.

Малме ќе ги игра квалификациите за Лигата на шампионите, а Елфсборг и Хакен ќе ги играат квалификациите за Конференциската лига.

Варберг и Дагерофс беа елиминирани од лигата, додека Бомпојкарна ќе игра бараж за опстанок.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK