Италијанскиот шампион Наполи извлече бод против Џенова играјќи 2:2 на гостувањето на „Луиџи Ферарис“. Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас беше стартер и играше едно полувреме, а потоа на негово место во игра влезе Матео Политано.
Џенова имаше водство од 2:0. Матија Бани во 40.минута донесе водство за Џенова, а го удвои Матео Ретеги во 56.минута.
Сепак, Наполи не се предаде. Џакомо Распадори во 76.минута намали, а Матео Политано израмни во 84.минута од дуелот.