(Видео) Најдобриот во светот загуби, па направи хаос

0166c190-9ced-4a02-bccd-20711a01af6f.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Најдобриот мечувалец во светот, Грузиецот Сандро Базадзе, беше елиминиран во осминафиналето на Олимписките игри. Подобар од Базадзе беше Мохамед Амер од Епиги со 15:14. Финишот на мечот привлече големо внимание бидејќи и двајцата ја славеа победата.



Со оглед на тоа што Грузиецот веруваше дека го направил потегот за победа, беше шокиран од поразот, кој го прогласи судијката Ванеса Чичон откако го погледна видеото.

Откако ја дозна одлуката, Базадзе не можеше да се воздржи и почна да и вика: „По втор пат, како во Токио, судиите ме убиваат. Во Токио ми го уништија животот, за малку ќе ми ја завршат кариерата. Но, се вратив и станав најдобар во светот и се подготвував за Олимписките игри, но таа ме уби“, беа првите зборови на Грузиецот за медиумите по поразот, каде се потсети на елиминацијата од полуфиналето на Олимписките игри во 2021 година од Арон Силаџи. Доаде дека ваквите одлуки ставиле крај на неговата кариера.

„Мојата кариера е завршена, завршена е. Како да се вратам кога судиите продолжуваат да ме убиваат? Таа отиде и го гледаше видеото. Тренирам за ова 21 година и таа ме третира како да сум никој. Кога јас ја замолив да објасни, таа се сврте и замина. Олимписки игри… праведност, каде е правичноста?“, рече Грузиецот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK