(Видео) Нацистички поздрави и тепачка на трибините во Брисел


Untitled-2-23.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Фудбалерите на Фенербахче се пласираа во осминафиналето во Лига Европа.


По убедливата победа во Истанбул (3:0), јасно беше дека избраниците на Жозе Мурињо ќе го минат Андерлехт. Во Брисел ремизираа (2:2), но дуелот во престолнината на Белгија го обележаа инцидентите на трибините.

Во четвртата минута Јусеф Ен Несири постигна гол за Фенербахче, а набргу потоа натпреварот беше прекинат. Швајцарскиот судија Сандро Шерер беше принуден да ги врати играчите во соблекувалната поради случувањата на трибините.

Дел од навивачите се тепаа на трибините на „Лото Парк“, а причината била расистичките навреди и нацистички поздрави од хулиганите на домашната екипа.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK