Најголемото холандско дерби, популарниот „Класикер“ помеѓу Ајакс и Феенорд беше во прекин повеќе од 20 минути, откако навивачите на Ајакс, бесни од 0:3 негативата на полувреме, направија инцидент.
По постигнувањето на третиот гол, навивачите на клубот од Амстердам почнаа да фрлаат факли на теренот, а судијата ги повлече играчите во соблекувална.
Ајакс е во хаотична состојба од минатата сезона кога си замина тренерот Ерик Тен Хаг и во моментов се на 13. место на табелта со само една победа во четири одиграни мечеви.
Ajax fans trying to get the game stopped as they’re 3-0 down to Feyenoord today.
pic.twitter.com/Y3OU3EjayZ— Football Away Days (@AwayDays_) September 24, 2023