(Видео) Минимална победа на Македонија ЃП против Брера

Видео-Минимална-победа-на-Македонија-ЃП-против-Брера.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Македонија ЃП ја совлада Брера со 1:0 во првиот натпревар од деветтото коло од Првата фудбалска лига. „Лавовите“ заслужено стигнаа до триумф, а стрелец на победничкиот гол беше Јован Попзлатанов во 44.минута.


Величковски претхдно шутираше кон голот на Брера, Алчевски успеа да одбрани, но ја одби топката која дојде до Попзлатанов, кој од втор обид ја заресе мрежата на струмичани.

https://topsport.mk/wp-content/uploads/2023/09/gol-popzlatanov.mp4

Брера во вториот дел тргна по израмнување, а најубавата шанса ја имаше Агрон Руфати во 82.минута, кога со удар со глава шутираше кон голот на Македонија ЃП. Сепак, Христијан Стевковски одлично интервенираше и го спаси својот гол.

Фото/https://www.facebook.com/fkmakedonijagp1932

ТАБЕЛА:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK