(Видео) Минималец на Милан против Фиорентина, Камарда стана најмладиот дебитан во историјата на Серија А

Видео-Минималец-на-Милан-против-Фиорентина-Камарда-стана-најмладиот-дебитан.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Фудбалерите на Милан ја совладаа Фиорентина минимално со 1:0 на „Сан Сиро“, во рамките на 13. коло од Серија А.


Избраниците на Стефано Пиоли ја прекинаа серијата од четири натпревари без победа.

Овој натпревар ќе влезе во историјата на Серија А. За Милан дебитираше Франечко Камарда. Момчето родено на 10 март 2008 година, со 15 години, осум месеци и 15 дена стана најмладиот дебитант во Серија А.

Во првото полувреме немаше поголеми шанси до првата минута од судиското надополнување, кога Тео Ернандез, избори пенал, а птоа и го претвори во водство.

Во продолжението од натпреварот, во вториот дел Милан го контролираше ритамот.

Лука Јовиќ имаше одлична шанса во 75. минута, кога излезе еден на еден со голманот на Фиорентина, но Пјетро Терачано успеа да го одбрани неговиот удар.

Фиорентина од 80.минута изврши силен притисок, но Мај Мењан не дозволи да биде совлада. Најдобрата шанса ја пропушти Мондрагора кој во 96минута од еден метар наместо во мрежата топката ја испрати во главата на мењан.

Милан остана на третото место со 26 бода, пет помалку од Интер, кој утре ќе го одигра дербито прптив Јувентус. Фиорентина е на шесттото место со 20 бода.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK