(Видео) Милан со играч повеќе го победи Бриж, Монако со „петарда“ ја испрати Црвена звезда

12579793.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Со победите на Милан и Монако започна третото коло во Лигата на шампионите. Милан го победи Бриж со 3:1, а Монако славеше над Црвена звезда со 5:1.


Милан на „Сан Сито“ ја отклуча одбраната на Бриж во 34.минута кога мајсторски погоди Пулишиќ. Репрезентативецот на САД го совлада ветеранот Мињоле директно од корнер. Во 40.минута Бриж остана со играч помалку, црвен картон доби Онједика.

Вториот дел добро започна за Бриж. Белгијците изедначија преку Сабе во 51.минута.

До крајот Рајнерс постигна два гола во 61. и 71.минута.

За Милан ова е прва победа и први бодови сезонава во Лигата на шампионите.

Во Монте Карло, Монако со добра игра во вториот дел славеше над Црвена звезда. Впечаток е дека играчите на српскиот шампион „сами“ си дадоа три гола, а еден беше спектакуларен во режија на Синго.

Минамино го отвори резултатот, откако во одбраната Силас заспа и не успеа да постави офсад стапица. Изедначи Црвена звезда преку Ндијае од пенал. Во 43.минута дискутабилна одлука пред голот на Монако, фаул имаше врз Олаинка од Закарија, но ВАР не се огласи. На истекот на првиот дел Емболо во 49.минута, повторно по грешка на одбраната на српскиот првск погоди за 2:1.

Во вториот дел уште три гола, Синго спектакуларно погоди од 25 метри, Минамино го постигна својот втор гол, а точка на мечот во 95.минута ги постави Аклиуш.

Црвена звезда последните 15 минути ги играше со играч помалку, Олаинка поради повреда го напушти теренот во ситуација кога беа извршени сите пет измени. Претходно исто така поради повреди теренот го напуштија Дуарте и Ндијае.

Монако по три рунди има седум бода, Црвена звезда се уште е без освоен бод.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK