Фудбалерите на Јувентус го победија Милан на гостински терен со 1:0 во дербито од 9.коло во Серија А.
Решавачкиот гол го постигна играчот кој мина десет години во Милан, Мануел Локатели во 65. минута.
Со оваа победа Јуве му се придружи на миланското дуо на врвот на табелата, Интер и натаму е прв со 22 бода, Милан има 21, а Јуве има 20.
Клучните моменти победата на Јувентус се случија во првиот дел од натпреварот.
Првиот во 14. минута, кога Војчех Шчечни го одбрани обидот на Жиру, а вториот во 40. минута, кога Малик Тијао како последен играч во линијата на одбраната го собори Мојсе Кин и заработи црвен картон.
„Бјанконерите“ не се прославија против десеттемина во црвено-црните дресови, во вториот дел, но имаа среќа во 65.минута.
Локатели шутираше од речиси 30 метри, топката го погоди Круниќ и заврши во голот на ветеранот Миранте. од поголемото (Круниќ), скршна од првобитниот пат и заврши во мрежата.
Инаку, третиот голман на Милан, 41.годишниот Миранте се прослави подоцна, во две ситуации кога Влаховиќ му беше најголема закана. Најпрвин го одби ударот на Србинот од 16 метри, а потоа како го одбрани ударот на Камбијасо, а потоа и на Влаховиќ, кој во од три метри не успеа да ја смести топката во голот.