(ВИДЕО) Медведев бесен на организаторите на УС Опен: „Некој тенисер ќе умре, а потоа ќе видите“

ВИДЕО-Медведев-бесен-на-организаторите-на-УС-Опен-„Некој-тенисер.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Данил Медведев навидум лесно го победи сонародникот и кум Андреј Рубљов со 6:4, 6:3, 6:4 во четврт-финалето на УС Опен и со тоа закажа меч за финале против актуелниот победник Карлос Алкараз. И покрај тоа, Русинот која е третопласиран во светот е огорчен.


Медведев е бесен на организаторите на њујоршкиот грен слем бидејќи и во толку доцна фаза, кога има доволно термини, мечевите се играат преку ден и на неподносливи горештини.

Медведев е особено бесен затоа што ова му беше втор меч по ред во дневен термин.

Се обиде да ги ублажи неподносливите горештини и влажноста така што на паузите ја соблекуваше маицата, завиткувајќи се во крпи со мраз, но ништо не му помогна.

Лут на организаторите, среде меч им порача гледајќи во камерата: „Некој тенисер ќе умре. А потоа ќе видите…“

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK