(Видео) Матеус Куња директно од корнер ја запечати судбината на Манчестер јунајтед

Untitled-3-44.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вулверхемптон вечерва го совлада Манчестер jунајтед на домашен терен за прв пат од 2019 година. Во 18. коло од Премиер лигата, Волвс победиja со 2:0, со головите на Матеус Куња и Хи-Чан Хванг, на кого Куња несебично асистираше во последните секунди од натпреварот.


По првото полувреме во кое немаше голови, второто започна со невнимателен фаул на Бруно Фернандеш во 47. минута. Португалецот доби жолт картон, а бидејќи имаше еден од првиот дел мораше да го напушти теренот.

Бруно Фернандешј стана првиот играч на Јунајтед кој бил исклучен најмалку три пати во иста сезона по Немања Матиќ во сезоната 2008/09. Само две минути подоцна, Јорген Странд Ларсен постигна гол за 1-0, но истиот беше поништен поради офсајд.

Волвс дојдоа до предност кога Куња успеа директно од корнер да го матира голманот на Јунајтед, Андре Онана. Тоа беше втор гол што Јунајтед го прими директно од корнер во последната недела, претходно Хеунг-Мин Сон постигна гол на ист начин во Карабао купот против Алтај Бајиндира во победата на Тотенхем од 4:3.

Бразилецот го постигна 10. гол во првенството, повеќе од него имаат само Мохамед Салах (15), Ерлинг Халанд (13), Кол Палмер (12) и Александер Исак (11).

Тој не застана тука, бидејќи несебично му асистираше на Хванг во деветтата минута од надополнувањето за конечни 2:0. Куња е одговорен за речиси половина од првенствените голови на неговиот тим оваа сезона, бидејќи директно учествуваше во 14 од 29-те голови.

Со оваа победа, Волвс го прескокна Лестер на 17. место на табелата во Премиер лигата и ја напушти зоната за испаѓање со втората последователна победа. Манчестер јунајтед, пак, го претрпе третиот последователен пораз во последната недела и моментално е на 14. место во англискиот шампионат.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK