(Видео) Мартинез ја однесе Вила во полуфиналето, Фиорентина во продолженијата ја „скрши“ Викторија

4abed.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Астон Вила и Фиорентина изборија пласман во полуфиналето на Конференциската лига. Фиорентина во продолженијата ја елиминира Викторија Плзен, а Астон Вила го доби пенал-рулетот, во Франција против Лил, благодарение на голманот Емилијано Мартинез.

Фиорентина заслужено влезе во полуфиналето. Чудо е како „виолетовите“ не успеаја да го решат прашањето околу кончениот победник во регуларните 90 минути.

Неколку пати фудбалерите на Фиорентина ја погодија стативата, а од 66.минута имаа и фудбалер повеќе на теренот.

Нико Гонзалес (92) и капитенот Кристијано Бираги (108) ги постигнаа головите, во победата 2:0, во продолженијата.

Фиорентина во полуфиналето ќе игра против подобриот од натпреварот Фенербахче – Олимпијакос.

Астон Вила „спаси“ глава во Лил. Најпрвин со голот на Кеш во 87.минута тимот на Унаи Емери се избори за дополнителни 30 минути фудбал, а потоа го искористи своето најсилно оружје во пенал-драмата, голманот Мартинез.

За Лил стрелци во регуларниот дел од натпреварот беа Јазичи во 15. и Андре во 67.минута.

Мартинез го одбрани пеналот на Бенталеб во првата серија, а во четвртата неговиот колега Шевалие го запре обидот на Бејли. Реши последниот пенал, Мартинез го прочита капитенот на Лил Андер и ја однесе Вила во полуфиналето.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK