Арсенал го победи Манчестер Сити со 1-0 на „Емирати“ и се искачи на делба на првата позиција со Тотенхем со 20 бода, два повеќе од актуелниот англиски и европски првак. Тимот на Микел Артета успеа да слави голем успех со голот на Габриел Мартинели во 86.минута од мечот.
Ова е втор пораз по ред за тимот на Пеп Гвардиола, кој претходно загуби со 2-1 и на гостувањето кај Вулверхемптон.
Бразилецот Мартинели шутираше кон голот на Едерсон, топката удри во Аке и го смени правецот и ја затресе мрежата на Сити.
🚨🚨| GOAL: MARTINELLI SCORES IN THE 86TH MINUTE.
Arsenal 1-0 Manchester City
— CentreGoals. (@centregoals) October 8, 2023