(Видео) Македонија одигра нерешено со Англија

Видео-Македонија-одигра-нерешено-со-Англија.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Англија доминираше во поседот во текот на целиот натпревар, особено тоа беше изразено во првото полувреме, кога Македонија само неколку пати успеа да мине на противничкиот дел од теренот, но и со таква игра стигна до предност.


Англичаните од големиот посед на топката, во првото полувреме не добија апсолутно ништо. Најблиску до гол беше Деклан Рајс кој во 14.минута ја погоди стативата.

Македонија поведе по пеналот што го изнуди Миовски, по невнимателниот старт на Рико Луис. Играчот кој утре ќе наполни 19 години, го удри со рака по лицетот напаѓачот на Македонија, откако успеа да интервенира.

Пеналот на Барди во 41.минута го одбрани Пикфорд, но одбиената топка се врати кај капитенот на Македонија, кој од втората шанса не пропушти да ја реализира.

Во судиското надополнување на времето, во првото полувреме, Трент шутираше, а Димитриевски одбрани исфрлувајќи ја топката во корнер.

На стартот на второто полувреме, Гришиш постигна гол во 47.минута. ВАР долго ја провруваше таа ситуација и пресуди дека играчот на Манчестер сити бил во офсајд.

Англија изедначи веднаш по влегувањето на Хари Кејн на теренот. Капитенот на „Гордиот Албион“ тргна на нафрлената топка од корнер, но таа го погоди Атанасов и заврши во голот.

До крајот немаше некои поголеми возбудувања. Во 87.минута Серафимов се обиде, но ударот заврши над голот на Пикфорд.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK