(Видео) Лука Дончиќ е главен во Тексас, 41 поен за триумф над Хјустон

Видео-Лука-Дончиќ-е-главен-во-Тексас-41-поен-за.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Лука Дончиќ ја обележа изминатата ноќ во НБА лигата. Словенецот го предводеше Далас до победа над Хјустон 121:115.


Дончиќ, дербито на Тексас го заврши со 41 поен (шут од поле 15/29, слободни 8/9) и по девет скока и асистенции. Импресивно е што Дончиќ не загуби ниту една топка.

Тој стана првиот играч со ваков учинок по повеќе од 40 години. Ова е втор натпревар за Дончиќ сезонава со 40+ поени и без загубена топка. Сите други НБА играчи немаат ниту еден.

Покрај Дончиќ, во 11. победа на Далас се истакнаа Кајри Ирвинг со 27 поени и петасистенции, Џонс со 15 и Хардавеј со 11 поени.

Хјустон го предводеше младиот турски кошаркар, Алперен Шенгун со 31 поен (10-19 од поле), девет скока и шест асистенции. Брукс и Смит постигнаа по 16 поени.

Кливленд лесно славеше над Атланта со 128:105. Донован Мичел го предводеше тимот со 40 поени (14-25 од поле), 11 скока и пет асистенции, Еван Мобли имаше 17 поени, 19 скока и седум блокади, а Дариус Гарланд додаде 19 поени и осум асистенции.

Мајами, без Џими Батлер загуби од Милвоки 131:124. „Жешките“, не успеја да ги запрат Јанис Адетокумбо и Демијан Лилард.

Гркот мечот го заврши со 33 поени, 10 скока и пет асистенции, а Лилард постигна поен помалку. Кај Мајами се истакна Бем Адебајо со 31 поен и 10 скока, Кајл Лаури постигна 21 поен (7-10 од поле), а Џош Ричардсон 20.

Резултати:

Далас – Хјустон 121:115
Бостон – Чикаго 124:97
Бруклин – Торонто 115:103
Кливленд – Атланта 128:105
Мајами – Милвоки 124:131
Њујорк – Шарлот 115:91
Сакраменто – Голден Стејт 124:123

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK