(Видео) Ливерпул во преговори со „новиот Салах“

41_2024-638643496089932379-993.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Ливерпул серизно е заинтересиран за репрезентативецот на Египе, Омар Мармуш, инаку играч на Ајнтрахт Франкфурт.


Иако веќе има 25 години, минатата сезона само навести, а оваа сезона целосно го потврди својот неверојатен фудбалски талент.

Мармуш на 13 натпревари постигна 11 гола и забележа седум асистенции, па јасно е зошто стана приоритет за Ливерпул.

Со девет гола тој е најдобар стрелец во Бундеслигата, а повеќе голови во „топ пет“ првенства имаат само Роберт Левандовски и Ерлинг Халанд. Импресивно е што постигнува гол на секои 66 минути.

Ајнтрахт за него бара помеѓу 50 и 60 милиони евра, тврди новинарот на „Скај Спорт Германија“, Флоријан Плетенберг.

Новинарот открива дека од Ливерпул веќе стапиле во контакт со претставниците на Мармуш, а за тоа се свесни и во клубот од Франкфурт.

Доколку клубовите ги договорат финансиските детали, Мармус би потпишал веднаш бидејќи има голема желба да игра во Премиер лигата, додава Плетенберг.

Според податоците на „Трансфермаркт“, Мармуш својата професионална кариера ја започнал во египетскиот клуб Вади Дегла.

Во 2017 година пристигна во вториот тим на Волфсбург, три години подоцна премина во првиот тим, за кој на 48 натпревари постигна шест гола со една асистенција. Бил на позајмици во Сент Паули и Штутгарт, за двата клуба одиграл само 21 натпревар, постигнал вкупно 10 гола.

Минатата сезона како слободен играч пристигна во Ајнтрахт. Во клубот од Франкфурт одигра вкупно 54 натпревари, на кои постигна 28 гола и забележа 13 асистенции.

За репрезентацијата на Египет има 34 настапи и шест гола во која настапува со Мохамед Салах, најголемата ѕвезда на Ливерпул.

Мармуш има договор со Ајнтрахт до 2027 година.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK