(Видео) Ливерпул со деветмина во 96.минута поразен од Тотенхем

Видео-Ливерпул-со-деветмина-во-96минута-поразен-од-Тотенхем.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Фудбалерите на Тотенхем го победија Ливерпул со 2:1 во дерби натпреварот од седмото коло на Премиер лигата. Натпреварот беше исклучително драматичен, Ливерпул натпреварот го заврши со девет играчи, а Тотенхем до победата дојде во 96.минута со авто-голот на Жоел Матип.


Дербито во северен Лондон ќе предизвика многу коментари и полемико, најмногу поради судењети и одлуките на судиите од ВАР собата.

Ливерпул натпреварот го заврши со двајца играчи помалку, бидејќи црвени картони добија Куртис Џонс во 26. минута, поради невнимателен старти и Диого Жота во 69. минута. Португалецот за две минути доби два жолти картони.

Тотенхем поведе во 36. минута, со голот на Сон, на кого не му беше тешко да го совлада Алисон по додавањето на Ришарлисон.

Во четвртата минута од судиското надополнување на првиот дел од натпреварот, Коди Гакпо успеа да изедначи.

Се чинеше дека „црвените“ ќе издржат, 30 секунди ги делаа од нерешен резултат, но Матип во 96. минута ја заби топката во сопствената мрежа по центаршутот на Педро Поро.

Тотенхем продолжи со добрите резултати и сега е втор на табелата со 17 бодови, еден помалку од лидерот Манчестер сити.

Ова е прв пораз за Ливерпул сезонава и моментално е четврти со 16 бода.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK