(Видео) Левендовски за триумф на Барселона против Атлетик

12460002.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Фудбалерите на Барселона го совладаа Атлетик Билбао со 2:1 во второто коло од шпанската Ла Лига.

Барса, како и во првата рунда победи со 2:1 и се врати на првото место, додека Билбао остана на еден бод.

Суперталентираниот Ламин Јамал го постигна првиот гол на натпреварот во 24. минута со одличен удар и мала помош на Лекуе. Левендовски потоа ја погоди стативата, а на полувремето резултатот беше 1:1. Атлетик изедначи од пенал кој го реализираше Сансет.

Во второот полувреме, Барса ја имаше иницијатива напаѓаше кон голот на Атлетик, но резутатот остана 1:1 до 75.минута.

Претходно Левандовски уште еднаш ја погоди стативата, а птооа голманот на Билбао забележа нестварна одбрана против полскиот напаѓач.

Сепак не можеше да направи ништо во 75.минута, во обид да спречи центаршут на Педри, тој ја допре топката, неговите дефанзивци лошо реагираа, топката падна на ногата на Левандовски кој успеа да погоди.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK