(Видео) Левандовски спречи сензација на „Монжуик“

Видео-Левандовски-спречи-сензација-на-„Монжуик.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Фудбалерите на Барселона го совладаа Алавес со резултат 2:1 во натпреварот од 13. коло на Ла Лига.


Натпреварот на „Камп Ноу“ започна лошо за домаќинот, кој капитулираше по неполна 30 секунди.

Каталонците тргнаа од центарот и го загубија поседот по една долга топка. Гостите тргнаа во акција и поведоа преку Саму Омородион.

Двете страни имаа можности до крајот на полувремето, Омородион дури ја погоди гредата, но на крајот од првите 45 минути немаше промена на семафорот.

Веднаш по стартот на вториот дел Кунде нафрли од десната страна, а на вистинското место се најде Роберт Левандовски кој со одличен удар со глава израмни.

Тоа беше прв гол за Полјакот по пауза од шест натпревари. Тој последен пат постигна гол против Селта во септември и ова беше негова најлоша серија во кариерата од 2011 година кога не успеа да постигне гол на 10 последователни натпревари за Борусија Дортмунд.

Во 78. минута Ламине Јамал беше соборен во противничкиот шеснаесетник, Барселона доби пенал, а Левандовски со својот втор гол го постави конечниот резултат.

Барселона сега има два бода помалку од Реал и четири помалку од лидерот Џирона.

Во следното коло Барселона гостува кај Рајо Ваљекано, додека Алавес ќе и гостува на Гранада.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK