Фудбалерите на Милан ја победија Верона на домашен терен со 1:0, во петтото коло од италијанската Серија А.
Натпреварот доцнеше 15 минути поради лошата состојба на теренот. Поради силниот дожд, подлогата на „Сан Сиро“ беше под вода.
Стрелец на единствениот гол на овој натпревар беше Рафаел Леао во осмата минута.
За Милан дебитираше Лука Јовиќ, но без некој значаен придонес во играта, откако влезе на теренот во 65.минута.
Милан е на второто место на табелата со 12 бодови, а Верона е деветта со седум бодови.
Foto/ EPA