(Видео) Купер Флег најдобар „руки“ во НБА лигата


untitled-4-7.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Тинејџерската сензација на Далас, Купер Флег (19), е најдобриот дебитант, во НБА лигата, за сезоната 2025/2026.


Првиот избор од претходниот драфт заслужено ја освои номинацијата во анкетата на медиумите од 100 членови, но не беше толку убедлив како што можеше да се очекува.

Најголем конкурент му беше поранешениот цимер од Дјук, Кон Кнупел.

Флег имаше само 26 гласови повеќе од момчето од Шарлот кое постигна најмногу тројки во лигата оваа сезона и сериозно се наметна за престижната индивидуална награда.

Разликата помеѓу Флег и Кнупел е втората најтесна во историјата на гласањето за „руки“ на сезоната.

Само Скоти Барнс (378 поени) и Еван Мобли (363) водеа понеизвесна борба во сезоната 2021/2022.

Флег доби 56 гласови за првото место, останатите му припаднаа на Кнупел. Играчот на Далас исто така доби 44 гласа за второто место, додека Кнупел имаше 55 плус еден за третото место.

На 19-годишна возраст, Флег е вториот најмлад дебитан во сезоната по Леброн Џејмс.

Оваа сезона, Флег забележа просек од 21 поен, 6,7 скока и 4,5 асистенции по натпревар и влезе во кругот на најголемите легенди на оваа игра кои имаа над 20 поени по натпревар во дебитантската сезона, како што се Берд, Џордан и Дончиќ.

Кнупел, избран како четврти пик на претходниот драфт, беше статистички многу блиску до Флег, имаше просек од 18,5 поени, 5,3 скока и 3,5 асистенции.

Тој исто така го сруши рекордот за бројот на постигнати тројки во една сезона со 273 успешни шутеви.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK