Српската кошаркарска репрезентација во Франција го одработи првиот тренинг пред дуелот со домаќините.
Како што информираат од кошаркарскиот сојуз на Србија ова е прв отворен натпревар на српската репрезентација од стартот на подготвителниот период, а зад затворени врати избраниците на Светислав Пешиќ двапати ја совладаа Холандија.
Во Лион пристигнаа 14 играчи, меѓу кои: Богдан Богдановиќ, Никола Јокиќ, Василије Мициќ, Марко Гудуриќ, Никола Милутинов, Огњен Добриќ, Алекса Аврамовиќ, Огњен Јарамаз, Алексеј Покушевски, Вања Маринковиќ, Филип Петрушевиќ, Душан Ристиќ, Урош Плавшиќ и Алекса Раданов.
По Лион, Србија патува за Абу Даби, каде на 16 и 17 јули ја очекуваат уште два тешки теста – со Австралија и САД.
Потоа, експедицијата се враќа во Белград, каде на 21 јули во Арена ќе игра против Јапонија, а се преговара за уште еден контролен натпревар пред патувањето во Лил на 24 јули.
🦅 Orlovi se pripremaju za sutrašnji duel protiv @FRABasketball#TeamSerbia 🏀🇷🇸 #Paris2024 pic.twitter.com/HV2CVC3a2z
— Košarkaški savez SRB (@KSSrbije) July 11, 2024