Ливерпул и Манчестер сити одиграа 1:1 во дербито на Премиер лигата, а по мечот Јирген Клоп истакна дека не е задоволен од арбитражата.
Германскиот стручњак смета дека неговиот тим е оштетен за очигледен пенал, кога Доку го удри Мекалистер во шеснаесетникот.
„Не знам за што размислува човекот во ВАР собата. Што јадеше за ручек кога мислиш дека ова не е пенал. Не сум лут, но тоа беше очигледна ситуација“, изјави Клоп.
И покрај ремито по кое Арсенал ја презеде челната позиција на табелата, Германецот е задоволен од настапот на својот тим.
„Ги одигравме најдобрите 53 минути против Манчестер сити досега. Видовме дека можеме и вака ќе продолжиме“.
На десет кола пред крајот Арсенал и Ливерпул имаат по 64 бода (подобра гол разлика има тимот од Лондон), а бод помалку има Манчестер сити.