(Видео) Кен и Фиорентина го нокаутираа Интер


12803566.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Фудбалерите на Фиорентина убедливо го совладаа Интер со 3:0 (0:0) во натпреварот од 14. коло од италијанската Серија А.


Фиорентина и Интер играа на 1 декември минатата година, но натпореварот беше прекинат во 15.минута кога Едуардо Бове колабираше на теренот.

Нов датум се најде дури два месеци подоцна и Фиорентина одигра многу подобро особено во последните 30 минути.

„Виолетовите“ успеаја да постигнат три гола од 60. до 89.минута против бранителот на титулата.

Стрелец на првиот гол беше Лука Раниери во 60. минута, а осум минути подоцна Мојс Кен го удвои водството на домашните.

Точка на натпреварот во 89. минута стави Кен и само потврди дека ја игра најдобрата сезона во кариерата.

Фиорентина скокна на четвртото место со 42 освоени бода, додека Интер има 51 на втората позиција, три помалку од водечкиот Наполи.

Овие две екипи повторно ќе се сретнат веќе во понеделник, кога Интер ќе биде домаќин во 24. коло од Серија А.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK