Хари Кејн испиша уште една страница во историјата на Бундеслигата. Напаѓачот на Баерн постигна два гола во убедливата победа над Унион Берлин (7:0). Англичанецот најбргу стигнал до бројката од 100 гола во Бундес лигата.
Кејн го постигна јубилејниот гол во 39-та минута, кога го реализираше пеналот и стигна до магичната бројка на својот 98-ми настап во Бундеслигата.
Со ова го сруши рекордот што го држеше Дитер Милер од 1977 година. Легендарниот напаѓач на Келн стигна до 100 гола по 129 натпревари.
Кејн, не застана тука. Во 54-та минута, постигна уште еден гол, 101-ви во Бундес лигата.
Настапот на Кејн откако пристигна во Минхен во 2023 година добива посебна тежина кога се гледа неговата ефикасност. Досега во Бундеслигата, тој постигнуваше гол на секои 78,5 минути во просек, што го става меѓу најефикасните стрелци во историјата на натпреварувањето.
Англискиот репрезентативец продолжува да руши рекорди во дресот на Баерн. По дуелот со Унион Берлин, тој има вкупно 156 гола на 156 натпревари во сите натпреварувања за клубот од Минхен.
Foto/ Depositphotos