(Видео) Катарецот Куки во 95-та минута ја шокира Швајцарија


14065886.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Катар и Швајцарија одиграа 1:1, во вториот натпревар од Б групата на Светското првенство. Со ист резулта, вчера заврши дуелот меѓу канда и Босна и Херцеговина. Швајцарците во 95-та минута ги шокираше голот на Куки.


Швајцарија, како апсолутен фаворит, разочара со пристапот, пропушташе шанси, а за индолентноста избраниците на селекторот Мурат Јакин беа казнети во претпоследната минута.

Малкумина очекуваа дека, против апсолутниот фаворит, Катар прв ќе се закани, и тоа во втората минута, благодарение на големата грешка на Мануел Аканџи.

Едмилсон Жуниор, од никаде, излезе сосема сам пред Грегор Кобел, кој одлично интервенираше и спречи вистински шок за својот тим уште на самиот почеток.

Од тој момент, европската селекција почна жестоко да напаѓа, а Ден Ендоје промаши три пати пред да биде постигнат водечкиот гол.

Се играше 17-та минута кога Брил Емболо со глава ја испрати топката до Фројлер, кој беше соборен од голманот Абунада, но се чинеше дека е во офсајд.

Сепак, немаше реакција од ВАР собата, беше оценето дека сè е чисто и беше досуден пенал, кој Емболо рутински го реализираше за 1:0.

Не застанаа тука Швајцарците, сакаа да постигнат и втор гол што е можно поскоро, но Абунада на голот на Катар, со неколку извонредни интервенции не дозволи да биде совладан.

Можеше да има пенал на другата страна, Едмилсон Жуниор повторно имаше добра шанса, но повторно беше спречен од Кобел.

Во продолжението, Швајцарија излезе на теренот решена што побрзо да го реши натпреварот, но Катар ги преживеа шансите на Варгас и ударот на Џака.

Времето минуваше, и покрај очигледната квалитативна разлика, на семафорот стоеше 1:0. Тука се вовлече нервоза во играта на Швајцарија.

Иако сакаа, не успеаја да го постигнат вториот гол бидејќи избраниците на Хулен Лопетеги се бранеа навистина добро и организирано.

Дури и Катарците можеа да се заканат во неколку наврати, а најконкретниот удар насочен кон голот на Кобел го упати Алеардин од околу 15 метри, но швајцарскиот голман успеа да одбрани.

Сепак, Катар успеа да ги казни сите нереализирани шанси на Швајцарците. Ал Амин центаршутираше, а Куки со глава ја испрати топката во мрежата за 1:1 и првото големо изненадување на тековното Светско првенство.

Foto/ EPA

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK