Фудбалерите на Челзи не блескаа, но на крајот ја победија екипата на Сервет (2:0) во првиот натпревар од плеј-офот за пласман во групната фаза од Конференциската лига.
Лајт-мотив од овој натпревар е неверојатното промашување на новиот напаѓач на Челзи, Марк Гу, кој не успеа да ја смести топката во празна мрежа.
Шпанецот во 53. минута му ја украде топката на глманот на тимот од Женева, но не успеа да ја зголеми предноста на сините, бидејќи неговиот удар кон празната мрежа го спречи Џереми Фрик, кој успеа да ја исправи својата грешка.
Сите навивачи на Челзи останаа во неверување по ова промашување.
За негова среќа и останатите играчи, Челзи успеа да победи со головите на Нкунку и Нони Мадуеке.
Marc Guiu🤯#CHESER #ConferenceLeague #UECL #CFC #ChelseaFC #Chelsea #Servette
— Big Chance Missed (@ChanceMissed) August 22, 2024