Изминатата ноќ во НБА лигата кошаркарите на Атланта Хокс направија спектакуларен пресврт против најдобриот тим во лигата, Бостон Селтикс. Хокс славеа со 122:120 и покрај тоа што во еден период имаа негатива од 30 поени.
Бостон Селтикс во натпреварот влегоа со серија од девет победи, односно со 20 победи на последните 22 натпревари.
На четири и пол минути до полувремето Селтикс водеа со 68:38, кога Атланта го започна нестварниот пресврт. Ова е најголемиот кам-бек на Хокс од сезоната 1997/1998, кога НБА почна да води детална статистика за секој посед.
Поените за победа ги постигна Диандре Хантер на девет секунди до крајот на натпреварот. Бекот на Хокс постигна тројка, мечот го заврши со 24 поени. Брилијантен натпревар одигра и српскиот репрезентативец Богдан Богдановиќ (22 поени), кој сериозно ја истакнува кандидатурата за најдобра шести играч во лигата.
Кај Селтикс Џејсон Тејтум постигна 37 поени.
Денвер Нагетс, без Арон Гордон и Џамал Мареј лесно славеа над Мемфис Гризлис 128:103. Денвер со 51.победа во сезоната ја минаа Оклахома на првото место во Западната конференција.
Никола Јокиќ стандардно беше доминантен со 29 поени (11-18 од поле), 11 скока и 8 асистенции. Јокиќ не играше во последната четвртина.
Далас Маверикс се обидуваат да го избегнат плеј-инот, моментално се на седмото место со ист скор како и шестопласираните Сакраменто Кингс. Маверикс како гости ја победија Јута Џез со 115:105.
Лука Дончиќ имаше 29 поени (10-24 од поле), 12 скока и 13 асистенции за четврта последователна победа на Мавс.
„Одбраната ни е одлична во последно време“, изјави Дончиќ.
Кајри Ирвинг постигна 27 поени, а на другата страна најдобар беше Лаури Марканен со 34 поени.
Резултати:
Њујорк – Детроит 124:99
(ДиВинченцо 40, Бренсон 28 – Богдановиќ 13, Сасер 24
Торонто – Бруклин 88:96
(Трент Џуниор 18 – Шредер 19, Ватфорд 19)
Сан Антонио – Феникс 104:102
Сохан 28, 18 ск., Васел 26 – Букер 36, Дурент 29)
Хјустон – Портланд 110:92
(Џејлен Грин 27, Лендејл 17 – Бентон 28)
Сакраменто – Филаделфија 108:96
(Фокс 23, Мареј 23, Сабонис 11п, 13ск, 10аст – Мекси 29)
ЛА Клиперс – Индијана 116:133
(Ленард 26, Џорџ 26 – Сијакам 31, Тарнер 24, Халибартон 21).