(Видео) Ирвинг го врати Далас од -28, Минесота сепак победи

Untitled-3-34.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Кошаркарите на Минесота го совладаа Далас со 105:99 во еден од петте НБА натпревари закажани како дел од божиќниот специјал во најсилната лига во светот.


Најголема грижа на Далас пред овој меч беше состојбата на Лука Дончиќ, но Словенецот се опорави од повредата на петата (контузија) и го започна мечот, но заработи нова повреда (левата потколеница) и ја напушти играта на две ипол минути до крајот на втората четвртина. До тој момент Дончиќ постигна 14 поени.

Далас во тој момент веќе имаше двоцифрен минус, Минесота ја презема контролата, на полувреме имаа предност од 17 поени. Во третиот период на Рендл, Едвардс и Гоберт им се приклучи и Дивиченцо, Минесота дојде до највисоката предност од 28 поени, а третиот период го заврши со водство 90:68.

Но, со неверојатна поддршка од публиката, кошаркарите на Далас предводени од Кајри Ирвинг, не само што се вратија во натпреварот, туку на 48 секунди до крајот имаа само минус од два поени (101:99), и напад, но Ирвинг промаши тројка.

Потоа на сцена стапи Едвардс, погоди два пати во низа и го постави конечниот резултат.

Ентони Едвардс ја предводеше Минесота до победата со 26 поени, осум скока, пет асистенции, две украдени топки и една блокада. Џулиус Рендл постигна 23 поени, 10 скока и 8 асистенции, додека Руди Гоберт забележа 14 поени, 10 скока и две блокади.

Кај Далас Кајри Ирвинг постигна 39 поени, Лука Дончиќ со 14, Клеј Томпсон 12 и Квентин Грајмс 10 поени.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK