(Видео) Инвестиција вредна 1,5 милијарди евра – Вака ќе изгледа новиот Камп Ноу

Откако извиси за Кепа, Баерн тргна по голманот на Севилја
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Полека привршува реновирањето на најголемиот стадион во Европа, Камп Ноу во Барселона.



Се предвидува дека 60 отсто од работите ќе бидат завршени до крајот на годината, а како што пишуваат шпанските медиуми, реновирањето целосно ќе биде завршено следната година.

Пред завршувањето на изградбата, каталонскиот клуб објави фотографии на кои се гледа како ќе изгледа новиот Камп Ноу.

Новиот стадион ќе може да прими 105.000 гледачи, а инвестицијата е вредна 1,5 милијарди евра.

Инаку, новиот Камп Ноу дефинитивно ќе биде меѓу најмодерните стадиони во Европа, ќе зафаќа 18 хектари во центарот на Барселона и ќе има покривна површина од 350.000 метри квадратни.

Каталонскиот гигант се додека не биде завршено реновирањето ќе игра на олимпискиот стадион Монжуик.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK