(Видео) Имобиле херој на Лацио, Шахтјор го победи Антверп

Откако извиси за Кепа, Баерн тргна по голманот на Севилја
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Лацио и Шахтјор со победи го отворија претпоследното коло во Лигата на шампионите. Лацио, во Е групата го победи Селтик со 2:0, а Шахтјор во групата славеше над Антверп со 1:0.


Лацио одигра лош натпревар против аутсајдерот Селтик, но успеа да искористи два кикс во одбраната на шкотскиот тим и во самиот финиш дојде до значајна победа, која го остави во игра за пласман во осминафиналето.

Ништо не се случуваше на „Олимпико“ 82.минути, исклучок е шансата на Фелипе Андерсон во раната фаза на натпреварот, а потоа ветеранот Имобиле искористи два лоши реакции во одбраната на Селтик и постигна два гола во 82. и 85.минута.

Лацио сега е лидер во Е групата со 10 бода, Атлетико има осум, Феенорд седум, Селтик еден бод. Вечерва во Ротердам Феенорд ќе го пречека Атлетико.

Голот на Матвиленко во 12.минута го реши победникот во Хамбург, каде Шахтјор го пречека Антверп. Можеше Шахтјор да постигне уште некој гол, но и вака со три бода остана во трката за пласман на една од првите две позиции.

Многи работи во Х групата можат да бидат појасни по завршувањето на натпреварот Барселона-Порто.

Во моментов на табелата Барселона, Порто и шахтјор имаат по девет бода, додека Антверп остана едниствената екипа без освоен бод сезонава во Лигата на шампионите.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK