(Видео) Хет-трик на Халанд, Тотенхем го декласира Евертон

12459712.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Фудбалерите на Манчестер сити и Тотенхем забележаа убедливи победи во рамките на второто коло, во Премиер лигата, кое го отвори Брајтон со победата над Манчестер јунајтед (2:1).


Манчестер сити на домашен терен го совлада Ипсвич со 4:1 и го забележа вториот триумф во новата сезона.

Фудбалерите на Испвич први постигнаа гол, в седмата минута Смодиш го совлада Едерсон. Потоа следуваше четири минутен урган кон голот на Ипсвич. Во периодот од 12. до 16..минута два гола постигна Халанд, а еден Де Брујне. До крајот на полувремето гредата го спаси Испвич по ударите на Луис и Де Бријне.

„Граѓаните“ напаѓаа и во втроито дел, но впечатокот е дека не сакаа премногу да рескираат. Халанд во 88. минута го постави конечниот резултат и воедно го постигна својот прв хет-трик сезонава.

Тотенхем на домашен терен ја наполни мрежата на Евертон, славеше победа со 4:0. Пред мечот се повреди засилувањето Доминик Соланке.

Првата победа на Спарс во новата сезона ја најави Бисума со феноменален удар под гредата во 14. минута, а потоа Сон во 25. го постигна својот прв гол. Кореецот ја искористи почетничката грешка на англискиот репрезентативен голман, Пикфорд.

На 3:0 зголеми Ромеро во 71. минута, а за конечниот резултат се погрижи Сон во 77.

Интересен натпревар одиграа Фулам и Лестер на „Крејвен Котиџ“. Фулам го победи Лестер со 2:1.

Неодамнешниот ас на Арсенал, Емил Смит Роу го отвори резултатот во 18.минута, а „Лисиците“ изедначија со голот на Фаес одговори 20 минути подоцна.

Херој на домашниот тим беше Ивоби, кој го искористи доброто додавање на Робинсон и со малку среќа го матираше Хермансен во 70. минута од натпреварот.

Кристал Палас повторно ги разочара своите навивачи, овојпат на домашен терен загуби од Вест Хем (2:0). Палас беше подобриот тим на теренот особено во првиот дел, но Езе и колегите од нападот не успеаја да реализираат ниту една од шансите.

Откако се одбранија, играчите на Вест Хем во интервал од пет минути постигнаа два гола.

Соучек го постигна првиот гол во 67. минута, а вториот Боуен во 72. минута.

Сезоната со два порази ја отвори и повратникот во Премиер лигата, Саутемптон. Еден гол им беше доволен на фудбалерите на Нотингем Форест да ги освојат бодовите на „Сент Мери“.

Стрелец на единствениот гол беше Морган Гибс-Вајт во 70. минута од натпреварот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK