Фенербахче и Париз, вечерва во Истанбул одиграа спектакуларен ме, еден од најдобрите оваа сезона во Евролигата. Фенер победи со 101:100, со тројката на најџел Хејс-Дејвис со звукот на сирената, откако претходно на 2,5 секунди до крајот Ти Џеј Шортс му донесе предност на Париз.
Париз одигра брилијантни три четвртини кај фаворизираниот противник. Тимот на Тиаго Сплитер во првите 30 минути погоди девет тројки од 16 обиди, водеше и со 15 поени разлика, а во последниот период влезе со предност од 13 поени.
Во решевачката четвртина Фенербахче одигра спектакуларна одбрана во првите речиси седум минути, на играчите на Париз им дозволија само два поени од линијата за слобидни фрлања.
Драмата ја режираше Хејс-Дејвис кој до 34.минута постигна само пет поени. Американецт постигна 11 поени по ред и му донесе предност на фенер 91:88. Дејвис кој шутираше тројки 0/6, во последната четвртина ги погоди трите шута за три поени. Париз одговори на ист начин со серија од осум поени.
Во драматичната завршница, Шортс погоди на 2,5 секунди до крајот за Париз, за 98:100, но Дејвис со звукит на сирената на Фенер му ја донесе 21.победа оваа сезона.
.@NIGEL_HAYES to send @FBBasketbol to the playoffs
What a SHOT! #MotorolaMagicMoment I @Moto I #RivalrySeries pic.twitter.com/65nR3rltKe
— Turkish Airlines EuroLeague (@EuroLeague) March 25, 2025
Најефикасен на натпреварот беше Марко Гудуриќ со 25 поени, но херојот е Најџел Хејс-Дејвис, кој постигна 14 од своите 19 поени во последните минути.
Ерик Мекколум мечот го заврши со 18 поени и пет скока, а двоцифрен кај домашниот тим беше и Тарик Биберовиќ со 14 поени и четири асистенции.
Кај Париз се истакна Ти Џеј Шортс со 19 поени и 10 асистенции, а идентичен поентерски учинок имаше и Надир Хифи.