(Видео) Хамилтон во шампионскиот болид на Сена

Untitled-1-2.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

По хаотичните квалификации за трката во Сао Паоло, следуваше најемотивниот момент за љубителите на Формула 1, особено за оние кои го сакаат легендарниот Аиртон Сена.


На влажната патека на Интерлагос се појави добро познатиот црвено-бел болид од минатото (McLaren MP4/5B). Со овој болид Аиртон Сена ја освои титулата во 1990 година.

Седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон беше зад воланот на овој култен болид, за да вози круг, во спомен на Сена. Според реакцијата на публиката, ова беше навистина трогателен момент.

Колку сето тоа му значеше на Хамилтон најсликовито говори неговата изјава откако излезе од автомобилот веејќи го бразилското знаме.

„Фактот што го возев автомобилот на Сена овде во Бразил е најголемата чест што ја имав во целата моја кариера“, изјави видно возбудениот Британец.

Тој високо го оцени автомобилот стар 34 години.

„Вистински болид, кога би можел би се тркал во него денес“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK