Фудбалерите на Реал Мадрид загубија со 4:3 од Баерн на „Алијанц Арена“ во реваншот од четвртфиналето на Лигата на шампионите и се збогуваа со понатамошното натпреварување.
Крајот на натпреварот беше обележан со неочекувано бурна реакција на турскиот играч од средниот ред Арда Гулер. 21-годишникот, кој постигна два гола, по последниот свиреж на судијата, втрча на теренот и бесно се упати кон главниот судија, Словенецот Славко Винчиќ, и доби црвен картон.
Гулер, во налет на бес, поради исклучувањето на камавинга во 86-та минута, се доближи до судијата, веројатно барајќи објаснување за неговата одлука.
Неколку соиграчи и членови на тренерскиот штаб мораа да го влечат на страна за да спречат посериозен инцидент. Погледнете ја ситуацијата ОВДЕ.
Foto/ EPA